Пеп одговори на шпекулациите кои го поврзуваа Меси со трансфер во Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа Лео Меси со трансфер на „Етихад“.

Пред неколку денови се појавија информации дека Меси ги прекинал преговорите за нов договор со Барселона, а одредени медиуми веднаш го поврзаа со премин во Манчестер Сити.

„Нема да зборувам за трансфери до крајот на сезоната. Мојата желба е Меси да остане во Барселона. На крајот на сезоната ќе ги видиме сите опции, имаме неколку неверојатни опции за кои ќе се бориме“- изјави Гвардиола.