Пеп продолжи да руши рекорди во Премиерлигата – никој не е како него!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Манчестер сити во моментов има осум бода предност пред Челси на табелата во Премиерлигата и се наоѓа на добар пат да ја освои титулата во англискиот шампионат.

„Граѓаните“ играат феноменално под водство на тренерот Пеп Гвардиола, кој стигна до 36. победа во 44 натпревари во Премиерлигата за 2021 година, што е рекорд.

Сити во 2021 година освои 110 бодови, додека Челси има освоено 27 бода помалку, а Ливерпул е трет со 33 бода помалку од „граѓаните“ за годинава.

Гвардиола постави уште еден рекорд, каков досега не е забележан во Премиерлигата, а тоа е што успеал по четврти пат да има славено на повеќе од 10 натпревари по ред во лигата, нешто што не му успеало на ниту еден друг тренер.