Пеп, знаеш ли за кого плати 68 милиони евра? ?


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Манчестер сити доживеа дебакл во дуелот на „Итихад“ против Лестер сити (2-5) во третото коло од Премиерлигата, по што тренерот Пеп Гвардиола реагираше експресно и си договори дефанзивец од Бенфика за неверојатни 68 милиони евра, плус 3,6 милиони за бонуси.

На социјалните мрежи веднаш пристигнаа шеги на сметка на Сити, кој го договори Рубен Диас од Бенфика, поради едно видео кое стана хит.

Диас направи еден нелогичен старт врз противникот, кај кого не беше воопшто топката, па фановите се прашуваат дали Гвардиола знае за кого платил толку многу пари.