Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски одигра одличен меч против Арсенал во ремито на Лидс (0-0), а притоа го налути и Николас Пепе од противничкиот тим, кој заработи црвен картон.
Пепе му тргна со глава на Алиоски како Зинедин Зидан пред многу години, па доби црвен картон, а веднаш потоа македонскиот фудбалер се најде на удар од јавноста.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра вели Македонцот намерно го намести Пепе да биде исклучен.
„Разочаран сум од Пепе. Мислам дека треба да им се извини на сите. Алиоски заслужи ‘Оскар’ затоа што одлично се снајде“, вели Евра.