Перез ја „стресе“ Шпанија: Реал Мадрид сака да ја напушти Ла Лига!?


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид, разгледува можност да го напушти националното првенство поради незадоволство од арбитражата оваа сезона, но и да се натпреварува во лига на друга држава.

Каталонскиот весник „Спорт“ ја објави оваа сензационална информација. Односите меѓу Реал Мадрид и управата на Ла Лига одамна се напнати, а последните одлуки на судиите само го продлабочија конфликтот.

Истиот извор наведува дека мадридскиот клуб би можел да размислува за преселба во италијанската Серија А или во француската Лига 1, но преминувањето во друго национално првенство е комплициран процес, дури и за еден од најпознатите и највлијателни клубови во светот.