Перез донесе конечна одлука, тој сепак ќе биде најголемо засилување во ова лето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На навивачите оваа вест секако ќе им се допадне.

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се одлучи да ги одбие сите понуди за Алваро Мората кој се врати во клубот во ова лето.

Како што пренесува добро информираната Марка, Реал Мадрид одби понуда од 60 милиони од Челси, а претседателот Флорентино Перез одлучи и на останатите клубови да ја затвори вратата.

Значи, Мората ќе биде најголемо засилување во тимот на Зинедин Зидан и ќе ја засили конкуренцијата на досега незаменливиот Карим Бензема.

Сепак, истиот извор наведува дека единствено сума од 75 милиони евра може да го промени мислењето на Флорентино Перез, но е малку веројатно дека такво нешто ќе се случи.

Мората е дете на Реал Мадрид, во последните две години ги помина во Јувентус, но Кралскиот клуб се одлучи во ова лето да ја искористи „бај бек“ клаузулата од 30 милиони евра.