Перез е во дилема: Варан сака да потпише договор, но под луди услови?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан одби да потпише договор со шпанскиот гигант кој му понуди седум милиони евра годишно.

„АБЦ“ објави дека Реал Мадрид преговара со Варан за нов договор, а доколку не го потпишат наскоро, тогаш Французинот ќе биде продаден.

Францускиот дефанзивец сака да остане во Мадрид, но не за седум милиони евра годишно, туку за 12 милиони евра колку што побарал од претседателот Флорентино Перез.

Варан долго време игра во „кралскиот клуб“ и поради тоа сака да ја искористи ситуацијата за да добие некој милион повеќе, но поради слична ситуација си замине Серхио Рамос.

Ако не се договорат двете страни, тогаш Реал ќе го продаде Варан за сума од 50 милиони евра, но не и за помалку, а тоа е лоша вест за Манчестер јунајтед кој сакаше да понуди околу 40 милиони евра.