Перез има чудна моќ - за неколку часа во Манчестер договори голем трансфер!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, неодамна престојуваше во Манчестер, каде што неговиот клуб гостуваше на првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, а Шпанците тврдат дека успеал да договори нов играч за својот тим.

Всушност, добро информираните луѓе од островите тврдат дека Флорентино практично го завршил договорот со Трент Александр-Арнолд и дека луѓето од Мадрид дури и се сретнале со неговата блиска околина изминативе денови, искористувајќи го присуството на белата експедиција на британска територија за да го завршат трансферот.

Понатаму, десниот бек на англиската репрезентација и Ливерпул, три пати беше контактиран од страна на Манчестер Сити, но секојпат одговараше дека негова желба како и на многумина е да заигра во дресот на Реал.

Арнолд совршено добро знае дека Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот и таму може да стане легенда. Поради тоа, тој размислуваше само две опции: Ливерпул или Реал Мадрид.