Перез има решение за одбраната кое чини – 55 милиони евра!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид има проблеми во одбраната, а тоа го истакна и тренерот Карло Анчелоти, по што се вклучи алармот во соблекувалната и претседателот на тимот, Флорентино Перез веднаш почна потрага по нов дефанзивец.

Шпанските медиуми шпекулираат дека „кралевите“ се заинтересирани за Габриел од Арсенал, кој е на излезни врати од Лондон.

Габриел веќе одби понуда од Саудиска Арабија затоа што сака да остане во редовите на поранешниот англиски шампион, меѓутоа повик од Мадрид би можел да ги промени неговите планови.

Засега не е познато колку пари ќе понуди Реал за неговиот потпис, иако неговата вредност според „Трансфермаркт“ е проценета на 55 милиони евра.