Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флорентино Перез работи на засилувања за следната сезона на Реал Мадрид, а претседателот на „кралевите“ решил да ги изненади навивачите со фудбалер од Баерн Минхен.
Шпанските медиуми објавија дека Реал сака да го ангажира Леон Горецка, кој има договор со Баварците до следната сезона, а не планира да го продолжи, па поради тоа Мадрид се споменува како негова идна дестинација.
„Кралевите“ планираат да го купат, а допрва ќе почнат преговори со Баварците, кои не сакаат да им се повтори „случајот Алаба“, кој си замина бесплатно токму во гигантот од Мадрид.
Баварците ќе се обидат Горецка да го убедат да потпише нов договор до крајот на летниот преоден рок, а доколку преговорите не течат во добар правец, тогаш ќе им го продадат на „кралевите“.