Перез ја соопшти иднината на Анчелоти и тројца првотимци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера доживеа дебакл на „Итихад“, каде што загуби со убедливи 0-4 од Манчестер сити во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ ја загубија титулата и во шпанската Ла Лига, по што почнаа шпекулациите за отказ на Карло Анчелоти, но такво нешто нема да се случи.

Првиот човек на клубот од Мадрид, Флорентино Перез не сака да му даде отказ на Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до 2024 година.

Шпанските медиуми објавија дека Перез решил да го задржи Анчелоти, а притоа ќе им понуди договори и на искусните Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос.