Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид сериозно размислува да тргне по потписот на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе следното лето, а тој треба да го замени Лука Јовиќ од 2021 година.
„Еуроспорт“ објави дека францускиот фудбалер има договор со клубот од Париз до 2022 година, а неодамна покажа дека нема намера да го продолжи.
„Светците“ ќе се обидат да го продадат 21-годишниот напаѓач и да вратат барем дел од вложените 180 милиони евра, колку што за него му платија на Монако во 2018 година.
Претседателот на шпанскиот шампион, Флорентино Перез разговарал со Зинедин Зидан и му ветил дека Мбапе ќе пристигне во Мадрид, но додека се случи тоа Французинот ќе мора да смета на Јовиќ во нападот.