Перез ќе им го расипе планот на Ливерпул и Баерн: Реал Мадрид гради тим од соништата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид се обидува да ангажира нови фудбалери, откако не успеаа да потпишат со Килијан Мбапе, кој остана во ПСЖ. Претседателот на тимот, Флорентино Перез веќе ги договори Антонио Рудигер и Орелиен Чуамени, а сега редот дојде на Садио Мане.

„Билд“ објави дека Баерн бара нов напаѓач, откако Роберт Левандовски соопшти дека сака да го напушти клубот, па затоа германскиот гигант сака да го добие Садио Мане, меѓутоа Ливерпул не сака да го даде толку лесно.

Мане има договор на уште една година и наводно им кажал на соиграчите дека ќе замине од премиерлигашот, а надежта на Баерн пропаѓа поради тоа што во битката се вклучи шпанскиот и европски првак.

Сенегалецот е достапенз а 40 милиони евра, но Реал може да му понуди повеќе пари и шанса да се бори за „Златната топка“, па одлуката останува на Мане.