Перез ќе остане во Ф1, се договорил со друг тим?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светските медиуми пишуваат дека Серхио Перез и следната сезона ќе вози во Формула 1. Наводно, Мексиканецот се договорил со Ред Бул, кој сепак не сака да ја потврди соработката додека не ја реши ситуацијата за моторот за 2021 година.

Во австрискиот тим не се задоволни со возењето на Алекс Албон поради што и понатаму бараат нов возач, кој ќе му биде партнер на Макс Ферстапен.

Целта на Ред Бул е прво да ја реши ситуацијата со моторот, по што ќе го потврди и ангажманот на искусниот Перез.

Мексиканецот сезонава е одличен. Тој досега освои 100 бодови во болидот на Рејсинг Поинт и во моментов е на четвртата позиција во генералниот пласман на возачи.