Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Планираното доаѓање на Килијан Мбапе конечно се оствари летово, но наместо тимот на Реал Мадрид да биде незапирлив, „Кралевите“ губат натпревари уште од почетокот на сезоната. Последната средба што ја загубија беше вчерашната на Сан Мамес од Атлетико, кој славеше со 2:1.
Шпанските медиуми повторно го критикуваат Реал, а Мбапе е повторно најмногу на удар на јавноста, особено поради промашувањето на пеналот.
Иако неодамна постигна голови против Леганес и Хетафе, разочара во големите натпревари против Барселона, Милан, Ливерпул и Атлетико. Во Шпанија многу се зборува за тоа дека има психички проблеми, иако Карло Анчелоти негира, а спортскиот весник од Каталонија „Спорт“ објави дека тоа никако не може да се исклучи, и дека Реал побарал помош од една од најголемите легенди.
Весникот „Ле Паризиен“ објави дека Килијан поминува низ „исклучително тежок период“, кој веројатно ќе продолжи
Весникот напоменува дека има „блокада“ што не исчезнала ни по разговорот со Давиде, син на Анчелоти. Реал поради тоа е решен да преземе екстремни мерки, бидејќи се обратиле кон Зинедин Зидан кој треба да има огромно влијание врз играчот.
Мбапе не може да поверува што прави Флорентино Перез, односно тврди дека такви мерки не се потребни, но првиот човек на мадридскиот тим не сака ништо да остави на случајноста и ќе направи се за да го извлече најдоброто од ѕвездата за која се бореше со години.