Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека францускиот тренер Зинедин Зидан на лето ќе си замине од Реал Мадрид, а тоа наводно ќе го направи затоа што е психички и физички изморен и не може повеќе да го поднесе притисокот.
„Марка“ објави дека претседателот Флорентино Перез не чекал долго и пронашол замена за Зидан, а станува збор за уште една легенда на клубот, Раул Гонзалес.
Во конкуренција за тренерското столче на „кралевите“ беше и Јоаким Лев, но Перез се решил за Раул, кој ја предводи Реал Кастилја и има одлични резултати.
Кастилја под негово водство може да добие промоција во повисок ранг, а такво нешто екипата не доживеала цели девет години, па затоа Раул е фаворит за столчето во првиот тим на Реал.