Перез не знае за доста – сега сака и ѕвезда на Ливерпул!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го промовира Килијан Мбапе како најголемо засилување ова лето, а сега планира да тргне по потписот на уште една ѕвезда.

„Кралевите“ сакаат да ја искористат лошата ситуација во Ливерпул и да го ангажираат Трент Александер-Арнолд.

Талентираниот фудбалер има договор со премиерлигашот до следното лето, а засега нема преговори за нов договор и поради тоа Реал испрати понуда до „Енфилд“.

Александер-Арнолд досега одигра 310 меча за Ливерпул во сите натпреварувања, но наскоро би можел да добие нов, поголем предизвик во кариерата.