Перез одржа лекција по бизнис, добива дефанзивец од светска класа – и тоа бесплатно!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид продолжува со засилувања и во следниот период, а за наредното лето имаат голема желба, односно во екипата сакаат уште еден врвен дефанзивец.

„Кралевите“ минатото лето потпишаа со Давид Алаба, кој ги освои сите можни трофеи со Баерн Минхен, а сега претседателот Флорентино Перез сака да искористи слична ситуација со Антонио Рудигер.

Германецот има договор со Челси до крајот на сезоната, а засега нема конкретни информации за тоа дали ќе ја продолжи соработката, па лесно би можел да го облече дресот на шпанскиот гигант.

Реал така би добил уште едно врвно име и одличен дефанзивец во екипата, а притоа ќе зачува пари за други засилувања.