Перез: Озил со приватен авион заминуваше кај девојка му, а таа спиела со сите од Интер и Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Месут Озил се најде во центар на скандал поради изјавата на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез.

Перез во претходните денови навредуваше многу лица меѓу кои се и Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, а во јавност се појавија и изјави поврзани со Озил.

„Озил се заљуби во една манекенка од Милано. Мурињо ми кажа дека таа девојка спиеше со цел тим на Милан и Интер, како и со стручните штабови. Мислам дека Озил се раздели со неа по таа изјава. Месут тогаш имаше 21 година и го промени стилот на живот. Користеше приватен авион за да оди до неа и да има интимни односи, а потоа да се врати“, вели Перез.