Перез означи крај на преодниот рок за Реал Мадрид

Оваа сезона ќе остане запишана како една од оние во кои Реал Мадрид потроши најмалку пари.

Во јануари Реал Мадрид нема да потроши ниту евро на нови играчи, а „Марка“ денес пренесува дека преодниот рок за „Галактикоси“ е затворен.

Анчелоти имаше свои желби, особено на позициите на десната страна, но тие желби нема да бидат исполнети и тој ќе мора да се потпре на она што го има во составот.

Поради тоа, нема да се изненадиме ако им даде шанса и на младите во веројатно неговата последна сезона на клупата на мадридскиот клуб.