Перез поради Модриќ синоќа мораше да оди во соблекувалната


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голем јубилеј на хрватскиот репрезентативец.

Реал Мадрид вчеравечер славеше победа со резултат од 3:0 против Атлетик Билбао и ги покажа своите квалитети.

Се славеше за хет-трикот кој го постигна Карим Бензема, а после натпреварот славеник беше и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Имено, Модриќ го запиша својот 300 настап, а поради таа прилика во соблекувалната се појави и Флорентино Перез.

Флорентино на Модриќ му го додели дресот со број 300, а целата атмосфера беше позитивна и од страна на неговите соиграчи. Модриќ не го криеше задоволството.

„Се гордеам со самиот себе што ја постигнав оваа бројка на одиграни натпревари. Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари во дресот на овој клуб во иднина. Барем уште 100“, кажа Модриќ.

Договорот на Модриќ со Реал истекува на лето во 2020 година.