Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид не планира голема реконструкција, иако главни желби на претседателот Флорентино Перез се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
„Марка“ пишува дека Перез сака само двајца напаѓачи и не планира да прави револуција. Мбапе треба да пристигне бесплатно, додека Халанд ќе го чини 75 милиони евра плус по 40 милиони евра за Мино Рајола и таткото на Норвежанецот.
Проблем за Реал би можеле да бидат високите плати на двајцата талентирани фудбалери и поради нив шпанскиот гигант не размислува за други засилувања.
Ако дојдат Мбапе и Халанд, заедно со Бензема и Винисиус, Реал ќе има пеколен состав, па само прашање е на време кој ќе се пресели на клупа.
Од Мадрид летово се очекува да заминат Марсело, Бејл и Иско, кои остануват без договори, додека Перез сака да ги продаде и Азар, Јовиќ и Дијаз.