Перез се појави во јавност: Тажен сум и разочаран, но ова не е крајот за Суперлигата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид и прв човек на проектот за Суперлигата, Флорентино Перез се појави во јавност откако пропадна планираното натпреварување.

Клубовите еден по еден се откажаа од Суперлигата, а тоа почна од англиските тимови и на крајот останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

„Минатата ноќ беше многу долга. Бевме на телефон до еден часот наутро. Со години работевме на овој проект и можеби не ви го објаснивме тоа што треба, но не ни дадоа шанса да објасниме. Тажен сум и разочара. Сепак, ова не е крајот. Ако не успее овој проект, тогаш вториот сигурно ќе успее. Сите 12 клубови потпишаа договори и проектот може да се оствари и без германските и француските екипи“, вели Перез.