Перез се пожали дека Реал Мадрид бил дискриминиран!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез јавно се пожали дека неговиот тим е дискриминиран од продуцентите и коментаторите во преносите на натпреварите од Ла Лига.

Првиот човек на „кралевите“ смета дека некои работи не се прикажуваат затоа што станува збор за актуелниот шампион, а смета и дека коментаторите не се објективни.

„Во текот на ТВ преносите често не се покажуваат одредени повторени снимки од важни моменти. Секогаш зборував дека продуцентите нас не третираат поинаку во однос на остантите тимови. Разликата сите можат да ја видат, не само со снимките туку и при коментирањето на натпреварите, тие луѓе никогаш не се на страна Реал Мадрид. Никогаш не сум се мешал во овие работи, но тоа е вистината. Реал е поинаку третиран во однос на другите тимови во лигата“, кажа Перез.

Веднаш со реакција се јави Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига, и кажа дека ако не му се допаѓаат коментаторите на Перез, тогаш нека си ги гледа натпреварите на клупската телевизија.