Перез: Требаше да освојам 14 Ла Лига со Реал, ми украдоа седум титули


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во вторникот навечер остро настапи против медиумите и Ла Лига, која ја нарече „нашите непријатели“ и изнесе сериозни обвинувања против судиите. Во својот израз, аферата Негрера ја нарече „најголемиот скандал во историјата на фудбалот” и изрази незадоволство што случајот уште не е решен.

„Освоив само седум шампионски титули во Ла Лига со Реал Мадрид!? Требаше да ги имам 14. Останатите седум ми ги украдоа,” изјави огорчено Перес откако Лос Бланкоси со пораз од 2:0 во неделното Ел Класико и математички му го препуштија шампионскиот наслов на Барселона.

Според Перес, заостанувањето на Реал Мадрид од 14 бодови, три круга пред крајот на првенството, не е последица од формата на неговиот тим, туку на судиските одлуки. „Судиите ни украдоа 18 бодови во Ла Лига,” тврди тој.