Перез веќе избрал нов тренер на Реал Мадрид: Кој ќе го замени Анчелоти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен со резултатите на екипата оваа сезона, па поради тоа планира да го отпушти Карло Анчелоти на крајот на сезоната.

Според шпанските медиуми, Перез има две опции за замена на Анчелоти, а тоа се легендарниот Раул Гонзалес, како и германскиот тренер Томас Тухел.

Раул минатата недела имаше понуда од Шалке, но реши да ја одбие и да остане во Кастилја затоа што се надева дека еден ден ќе ја презема првата екипа на Реал Мадрид.

Тухел, исто така, делува како одличен избор за нов тренер на шпанскиот гигант, откако претходно ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) со Челси, но и уште неколку трофеи.