Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека во Суперлигата ќе учествуваат 20 екипи, од кои 15 постојано ќе бидат дел од натпреварувањето, додека останатите пет за место ќе треба да се борат преку квалификации.
Перез синоќа во интервју за шпанските медиуми откри дека европските клубови повеќе не сакаат да го трпат монополот на УЕФА и ФИФА.
Првиот човек на „кралевите“ кажа дека тимовите имале големи загуби поради пандемијата на ковид-19, а УЕФА не им помогнала.
„Загубивме многу пари. Поради тоа решивме да направиме ново натпреварување, кое ќе биде замена за Лигата на шампиони. Поентата е финансиски да се рехабилитираме и да ги вратиме загубените пари. Фудбалот минува низ тежок период, па решивме да создадеме Суперлига. Мора да нарпавите силно натпреварување, со силни клубови, за да бидат приходите уште поголеми. Овде во Реал изгубивме многу пари и бараме начин да ги вратиме. Реал сезонава загуби 400 милиони евра, а никој не направи ништо поради тоа“, вели Перез.