Перу во полуфиналето го прегази Чиле и закажа прво финале по 1975. година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Чиле доживеаа висок и неочекуван пораз во полуфиналето на Копа Америка од Перу, а резултатот беше 3-0.

Иако репрезентативците на Чиле беа фаворити во овој дуел на крајот, мора да се задоволат со натпревар за третото место против Аргнетина.

Од друга страна со обзир на прикажаната игра, но и на резултатот, Перу може и тоа како да биде задоволен со избореното финале.

А во финалето ги чека Бразил, па сигурно и таму Перу ќе треба да проба да направи сензација, а во еден натпревар се е можно.

Перу со оваа победа избори прво финале во Копа Америка после 1975. година.