Пешиќ по победата против Литванија: Оваа победа е за Симаниќ и цела Србија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српската кошаркарска репрезентација беше подобра од Литванија со 87-68 и избори пласман во полуфинале на Светското првенство (СП).

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ беше задоволен од победата на своите избраници во важниот натпревар.

„Го одигравме најдобриот натпревар на првенството и нема да запреме тука. Момците заслужуваат да се борат за медал и ќе дадеме сè од себе. Утре имаме слободен ден. Ова е голема победа за Србија. Ова е победа и за Симаниќ“, кажа Пешиќ.

Србија во полуфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Словенија и Канада.