Пешкир на Коби Брајант беше продаден за неверојатна сума на пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пешкирот на починатата НБА-ѕвезда, Коби Брајант, кој го носеше на последниот натпревар во кариерата беше продаден за неверојатна сума на пари. На аукција организирана од компанијата „Иконик аукшн“ пешкирот беше продаден за 33.000 долари.

Брајант, кој почина на 26 јануари во пад на хеликоптер, пешкирот го носеше на мечот против Јута џез на 13 април 2016 година.

Американските медиуми пишуваат дека купувачот на пешкирот е голем колекционер, кој планира да отвори музеј на Лос Анџелес Лејкерс во Калифорнија.