„Пет фудбалери ми кажаа дека Озил е меѓу најдобрите, никој не ја разбира одлуката на Артета!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот репрезентативц Месут Озил изгледа го заврши своето во Арсенал, зашто тренерот МикелАртета нема намера да смета на него, а тоа го покажа со тоа што го изостави од тимот за Премиер лигата и Лигата на Европа.

Артета излезе со изјава во јавноста и порача дека одлуката Озил да не биде во тимот е негова и дека тоа го направил затоа што не можел да го извлече најдоброто од Германецот.

„Тоа што се случува со него не е ништо ново. Атмосферата која е околу него од кога дојдoв е прилично тешка. Многу работи се влечат веќе осум години. Го сакав најдоброто за Месут и многу пати бевме блиску да се зближиме, но се се враќаше на старо кога морав да го изоставам од екипата. Нема тука никаква врска со однесувањето или намалувањето на платите. Тоа не е вистина. Јас сум тука како менаџер и доведен сум да победувам и да носам најдобри одлуки за тимот. Месут имаше своја шанса како и другите, јас гледам што играчот може да донесе на тимот. Нема да се кријам зад сопствениците јас донесов одлука да не биде во тимот и совеста ми е чиста. Жал ми е што морав да го изоставам. Од самиот почеток во клубот бев отворен кон сите“, гласеше изјавата на шпанскиот стратег.

Меѓутоа сега агентот на Озил, Еркут Согут тврди дека дека ситуацијата била поинаква.

„Навивачите на Арсенал заслужуваат да ја знаат вистината и тоа не е она што го зборува Артета. Артета не беше фер, искрен и транспарентен. Сите знаат дека односот на клубот кон Озил не е фер. Кога и понатаму има договор заслужува барем шанса да се бори за своето место. Сите му зборуваа дека тренира добро, разговарав со петмина играчи на Арсенал и сите ми кажаа дека Месут е помеѓу најдобрите во тимот и не разбираат зошто не е во составот“, изјави Согут.