Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч во Премиер-лигата во септември.
Норвежанецот минатиот месец постигна пет голови и една асистенција на три натпревари. Ова му е четврта награда за најдобар играч на месецот во Премиер-лигата.
Сити во тие три натпревари славеше против Манчестер Јунајтед и Барнли, а ремизираше со Арсенал.
“Граѓаните” се на петото место на табелата во Премиер-лигата со 13 бода.
Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер е прогласен за најдобар тренер во Премиер-лигата во септември со две победи против Вест Хем и Ливерпул и реми со Сандерленд.