Пет причини поради кои Челси сè уште не го избркал Потер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси вложи многу пари во засилувања, но се наоѓа на 10. место во Премиерлигата и во очајна форма, а посебно болен беше поразот од Саутемптон во минатото коло.

Тренерот Грем Потер е под голем притисок и навивачите бараат отказ за него, но раководството на Челси не прави таков потег засега.

Постојат неколку причини поради кои Челси не го избрка Потер, а британски „Телеграф“ ги открива.

Ситуацијата зад сцена

Навивачите бараа да играат Рис Џејмс и Тиаго Силва, но газдата го почитува потегот на Потер да ги одмори бидејќи имале проблеми со повреда.

Контрола на емоциите

Многумина го критикуваат Потер затоа што не покажувал емоции, но наводно тој во тренинг-центарот покажувал авторитет и водел сериозни разговори со фудбалерите.

Храброст

Потер имаше одличен систем во Брајтон, но реши да го напушти, иако немаше потреба за такво нешто и го презема Челси со цел да го крене на повисоко ниво.

Трпение

Газдата на Челси е свесен дека успех не се прави преку ноќ, па смета дека инвестираните 600 милиони евра ќе почнат да даваат резултати во следните години.

Примерот на Манчестер сити

Челси се надева на идентична ситуација како кај Сити, кога Пеп Гвардиола немаше успех во првата сезона, но потоа почна неговата доминација.