Пет трансфери што Манчестер Сити би можел да ги реализира во јануари 2026


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер сити потроши речиси 200 милиони фунти во јануари минатата година на нови играчи, што беше износ вложен во освежување на тимот што надминуваше половина од потрошувачката на сите клубови во Премиер лигата. Тогаш како опции за првиот тим пристигнаа Омар Мармус и Нико Гонзалес, додека Витор Реис и Абдукодир Хусанoв беа потпишани како залог за иднината. Очекува се дека Сити ќе биде активен и во овој зимски трансфер период.

Непознато е кој би можел да го напушти клубот, но шпанските медиуми пишуваа дека Барселона го сака хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол. Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскапиот дефанзивец во историјата плаќајќи 90 милиони евра на Лајпциг за Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец брзо стана незаменлив член на ударниот состав на Пеп Гвардиола, а тоа е и денес.

Мундо Депортиво пишуваше дека Гвардиол е дефанзивецот кој најдобро одговара на она што Барселона го бара, иако се свесни дека Манчестер Сити тешко ги продава своите клучни играчи. Сепак, потенцијалното заминување на тренерот Пеп Гвардиола од клупата следното лето би можело да отвори ново поглавје во клубот и да оди на рака на Барселона, која потоа би реагирала во летниот трансфер период.

Идеите на Сити за јануарскиот трансфер период:

Антоан Семењо

Сити активно го следи напаѓачот на Борнемаут кој во својот договор има откупна клаузула од 65 милиони фунти, која може да се активира веќе во јануари. Скоро е сигурно дека 25-годишникот ќе ја напушти актуелната екипа, а за неговите услуги е заинтересиран цела низа клубови, вклучувајќи го и градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Во трката се и Челзи и Ливерпул, кои веќе долго го следат, додека се споменува и интерес од Тотенхем.

Оскар Боб

Крилниот напаѓач поседува огромен потенцијал и се чинеше дека е подготвен за клучна улога на почетокот од минатата сезона, но скршувањето на ногата во август ги уништи тие планови. Оваа сезона се бори за минутажа, а шансите што ги доби не ги искористи. Заминување во јануари се чини како многу веројатна опција, било да се работи за позајмица или траен трансфер.

Калвин Филипс

Англискиот везист веќе околу три години не е во плановите на Манчестер Сити. И покрај тоа што неодамна влезе од клупата против Хадерсфилд во раната фаза на Карабао купот, јасно е дека за него нема иднина на Етихад. Клубот ќе му дозволи заминување ако стигне задоволителна понуда.

Клаудио Ечевери

Откако неочекувано дебитираше во финалето на ФА купот, постигна гол и привлече внимание на Светското клупско првенство, кариерата на младиот Аргентинец не продолжи како што се планираше. Позајмицата во Бајер Леверкузен се чинеше како добар потег, но менаџерот кој го доведе, Ерик тен Хаг, беше отпуштен во првите недели од сезоната, по што Ечеверри се бореше за шанса. Следниот месец ја напушта Германија.

Јахмаи Симпсон-Пуси

Слично како и Ечевери, Симпсон-Пуси се мачи со минутажа на позајмица во Селтик. И тој доживеа промена на тренер, а малкумина можеа да предвидат ваква тешка сезона низ која шкотскиот великан минува. Младиот дефанзивец, кој веќе забележа дебито за сениорскиот тим на Сити, треба нов почеток за да го покаже својот талент, а заминување на нова позајмица во јануари се чини како логичен чекор.