Петарда на Јунајтед на дебито на Ибра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После слабото прво полувреме, Црвените ѓаволи, се распалија во второто.

Убедлив триумф на Манчестер Јунајтед над Галатасарај во Гетеборг.

Славеа избраниците на Жозе Мурињо со дури 5:2, а головите ги постигнаа Ибрахимовиќ, Руни (2), Фелаини и Мата за Јунајтед, односно Гумуш и Брума за Галата.

Одлично одигра и Антонио Валенсија кој запиша три асистенции.

Прво поведе Јунајтед, а после само 90 секунди во дресот на Ѓаволите, гол постигна Златан Ибрахимовиќ.

На кој начин Ибра ги воодушеви навивачите на Јунајтед, погледнете ОВДЕ.

Потоа Гумуш после лошата реакција на одбраната центаршутот на Весли Снајдер го претвори во погодок за израмнување.

За работите да бидат уште полоши по Јунајтед до паузата, се погрижи Брука кој го промени резултатот во корист на турскиот тим во 40 минута.

Направи неколку измени Мурињо на полувремето, а наместо Ибрахимовиќ во игра го внесе Рашфорд.

Израмнување донесе капитенот Руни во 55 минута, а само две минути после тоа Муслера го сруши Рашфорд за пенал.

Руни беше сигурен реализатор. На 4:2 зголеми Маруан Фелаини, а конечните 5:2 ги постави Хуан Мата на асистенција на Мајкл Керик.