Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Горан Петрески го замени Горазд Михаилов на тренерското столче на Вардар и веднаш откри кои се целите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Петрески ќе го има своето деби против Шкупи, а денеска кажа дека „црвено-црните“ сакаат да обезбедат место во Европа.
„Голема чест е да се биде дел од Вардар. Верувам во момците и почнавме да работиме. Сакам офанзивен фудбал и се надеваме на добри резултати. Амбицијата е да се пласираме во европските купови“, кажа Петрески.