Петровиќ е еден од најдобрите голмани во Премиерлигата

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ успеа да стане прв чувар на мрежата на Челси, откако со неговите настапи го засени голманот Роберт Санчез.

Петровиќ успеа да се претстави како одличен голман и тоа го покажуваат бројките. Од вкупно 57 удари кон неговиот гол, Србинот одбранил дури 40 од нив.

Србинот има 72,5 отсто одбранети удари, а тоа го сместува на третата позиција зад Ник Поуп од Њукасл и Алисон од Ливерпул.

Освен тоа, Петровиќ има и најмногу одбрани на еден меч, и тоа против Ливерпул во финалето од Лига Купот.