Петровиќ стана најскап српски голман во историјата на фудбалот


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ кариерата ја продолжува во Премиер лигата, по официјалното потпишување на договорот со Борнмут.

За неговиот трансфер, англискиот клуб му плати 29 милиони евра на Челси. Со ова, Петровиќ го доби статусот на најскапо платениот српски голман во историјата на фудбалот.

„Одлучив да дојдам во Борнмут бидејќи сакам постојано да напредувам и да се натпреварувам на највисоко ниво. Верувам дека овој клуб има потенцијал за добри резултати и сакам да бидам дел од таа приказна. Ќе дадам сè од себе за да придонесам и секојдневно да се усовршувам“, изјави Петровиќ при промоцијата.

Фото: Принтскрин