Пике: Ако може Ѓоковиќ да има бизнис, зошто да не можам јас?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике неодамна се најде во центар на скандал заедно со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес, кога беше објавено дека неговата компанија „Космос“ учествувала во организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија во замена за провизија од неколку милиони евра.

Пике во интервју за „Л’Екип“ кажа дека не гледа ништо лошо во тоа и се спореди со најдобриот тенисер во светот.

„Немам што да кријам, тоа е легално. Велат дека постои судир на интереси, но јас не го гледам така. Единствено против законско е тоа што некој ги добил приватните пораки и ги објавил во медиумите. Ѓоковиќ организира турнир во Белград, тој пред неколку дена учествуваше на него. Зошто да не можам и јас да имам бизнис?“, вели Пике.