Пике го избрка Дембеле од фотографирањето со трофејот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона го совлада Атлетик Билбао со 4-0 во финалето на шпанскиот Куп, а по мечот следеше прослава и фотографирање со трофејот.

Во екипата има неколку фудбалери кои потекнуваат од „Ла Масија“, кои по доделувањето на трофејот решија да направат заедничка фотографија.

Кога се наместија за фотографирање, Осман Дембеле се обиде да се приклучи, но Жерар Пике го избрка од фотографирањето.