Пике: Имав телефонски разговор со Перез, но не можам да откријам за што разговаравме


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Штоперот на Барселона призна дека своевремено имал телефонски разговор со ПЕрез, но дека не бил разговор околу фудбал, туку имале некои приватни работи.

„Порано го имав бројот на Перез, а не знам дали сеуште го има истиот број или го променил. Не разговаравме за фудбал, се работеше за нешто лично“, призна Пике.

Со ова тој ја исклучи можноста дека Перез можеби го побарал со цел Пике да се пресели во Реал, а ќе остане мистерија за што разговарале првотимецот на Барселона и првиот човек на Реал Мадрид.

Инаку, ако некој од Барселона не го сака Реал и ако некој со нетрпение чека да го понижи лутиот ривал, тогаш тоа е Пике, кој не се штеди кога се работи за нападите на Реал.