Пике му кажал на Меси дека сака да си замине, Шакира го избрала следниот клуб


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според шпанските медиуми, Барселона ќе загуби еден од своите клучни играчи, Жерар Пике, во текот на летото.

Според Дон Балон, Пике веќе го известил Меси и луѓето од управата дека сака да го напушти Ноу Камп по 12 години, при што МЛС се наведува како можна следна дестинација.

Иако има договор до 2022. година, 33-годишниот стопер ја донесе својата одлука да си замине додека влегува во неговиот залез од кариера, но сепак сака да продолжи да игра фудбал.

Шакира, исто така, наводно се согласила да замине во МЛС, каде Пике треба да игра во амбициозниот дрес на Интер, во сопственост на Дејвид Бекам.

Пике е само едно од бројните звучни имиња што Бекам сака во неговиот клуб. Како потенцијално засилување се споменуваат Давид Силва, Серхио Бускетс, Единсон Кавани.