Пике не го освои Кралскиот Клуб со Барселона, но неговиот клуб оствари историски успех


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Барселона сепак имаше причина за задоволство.

Барселона во саботата доживеа нов шок после поразот од Валенсија (2:1) која беше подобра во финалето на Кралскиот Куп.

Играчот на Барселона, Џерард Пике не успеа да освои нов трофеј, но сепак имаше причина за задоволство.

Имено, тој неодамна стана претседател на мал клуб чие име е ФК Андора, а играчите на овој клуб сега постигнаа голем успех и се изборија за настап во Шпанската Трета Дивизија.

И покрај тоа што Пике не беше присутен, неговите родители и најблиските роднини беа на промоцијата.

Тренерот Габри Гарсија го објави отсутството на Пике.

„Работите не излегоа како што очекувавме вчера. Се надевавме дека ќе го прославиме овој успех со нашиот претседател но тој не можеше да биде присутен. Се надеваме дека набрзо ќе славиме и со него“

Ова е историски ден за овој клуб кој се враќа во третата дивизија после 17 години отсутство.