Пике: Ова е најлошиот Реал Мадрид против кого сум играл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ја загуби лидерската позиција во Ла Лига по синоќешниот пораз на гостувањето кај Реал Мадрид, Ел Класико (2-0).

Кралскиот клуб успеа да се врати на првата позиција и сега има бод повеќе од лутиот ривал. Реал Мадрид не го покажа најдобриот натпревар синоќа, но во финишот успеа да ја совлада Барселона со головите на Винициус Јуниор и Маријано Дијаз.

Јасно е дека овој пораз сигурно ги погоди играчите на Барселона кои сигурно не го очекуваа. Каталонците имаа и некои добри можности синоќа, но на крајот не успеаја да ја затресат мрежата на кралевите.

По натпреварот, се појави интересна изјава на Џерард Пике, кој се обиде на свој начин да ги испровоцира играчите на Реал, но се чини дека тој едноставно не можеше да се помири со овој пораз.

“Ова беше најлошиот Реал Мадрид против кого играв на овој стадион. Ние ги пропуштивме шансите да го завршиме овој натпревар и сме виновни за самите порази затоа што застанавме целосно во второто полувреме”, изјави Пике по натпреварот.