Пике се сретна со Де Лигт на Бахамите и јасно му порача што треба да направи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Матијс де Лигт сеуште не донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Де Лигт во изминатата сезона воодушеви со своите игри во дресот на Ајакс и ова лето ќе биде главна мета на неколку европски великани. На почетокот се шпекулираше дека тој сигурно ќе оди во Барселона, но сега во борба сериозно се вклучи Јувентус.

Италијанските медиуми претходните денови пишуваа дека Де Лигт избрал да попише за Јувнеутс, но дека трансферот ќе биде потврден во наредните седмици.

Меѓутоа, во Барселона очигледно сеуште не сакаат да откажат од него и спреми се да пратат уште една понуда. Но, голем проблем за Барса претставува фактот што нудат најмалку пари од сите заинтересирани клубови.

Шпанските медиуми денес објавија дека Де Лигт одмара на Бахамите, а тука бил и играчот на Барселона, Жерард Пике и тие двајца случајно се сретнале.

Мундо Депортиво пренесува дека Пике му пришил на Де Лигт за да се поздрави со него, но и да му порача јасно дека не треба да се плаши од конкуренцијата доколку дојде во Барселона.

Така Пике го направи истото што го направи Роналдо кога пред неколку седмици му порача на Де Лигт дека треба да потпише за Јувентус.

Кој клуб ќе го избере овој 19-годишник останува да видиме во наредните седмици.