Пике си нема мир: Му скандираа „Шакира, Шакира“, па полудеа по него (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Жерар Пике во последните месеци е постојано во центар на внимание поради неговата разделба со атрактивната пејачка Шакира со која беше 12 години во љубовна врска.

Пике во моментов е во САД на подготовки со Барселона и таму се случуваат интересни сцени од стадион до стадион.

Пред неколку дена во средбата меѓу Барселона и Реал Мадрид во Лас Вегас, дефанзивецот на Каталонците доби голем број критики и фановите му скандираа „Шакира, Шакира“.

Дефанзивецот не посвети многу внимание на тоа, туку беше посветен на теренот, а неколку дена подоцна се случи поразлична ситуација во мечот против Јувентус.

По дуелот со Јувентус, 35-годишниот фудбалер доби големи овации, а навивачите го извикуваа неговото име, па едно дете доби и дрес.