Пике со коментар за потенцијалното враќање на Нејмар во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар сака да се врати во Барселона и тоа е јасно, но засега изгледа тој трансфер не е реален, барем така изгледа.

Можноста за Нејмар да се врати во Барселона ќе остане отворена до крајот на преодниот рок и сигурно уште ќе се пишува.

Сега на оваа тема сега зборуваше дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.

Пике потврди дека тие се во контакт со Нејмар, но несакаше ништо да открива истакнувајќи дека само Нејмар е тој кој треба да зборува и му порача јавно да каже дека сака да се пресели во Барселона.

„Таа операција ми изгледа комплицирана. Без сомневање е одлично е да имате играч како Нејмар во тимот. Меѓутоа тој треба да покаже дека сака да дојде. Се разбира дека ние разговараме со него, но не е добро јавно да зборувам за приватните разговори. Оној кој треба да излезе и да зборува е Нејмар“, изјави Пике.

Овој коментар на Пике потсетува на популарното „останува“ кога во тек беа гласините за трансферот на Нејмар во ПСЖ кој на крајот сепак се оствари.