Пике зборуваше за правилата на Чави за кои пишува цел свет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез неодамна беше избран за тренер на Барселона, а многу шпански медиуми веднаш објавија дека ќе бидат воведени нови правила.

Легендарниот фудбалер се врати во Каталонија  по шест години минати во Ал Сад од Катар и доби шанса да шанса да ги покаже своите тренерски способности на кормилото на тимот.

Шпанските медиуми по доаѓањето на Чави објавија дека ќе бидат воведени нови правила, а најмногу се зборуваше дека тие ќе му пречат на Жерар Пике.

Пике имаше интервју со каталонски „Спорт“ и ги демантираше приказните на медиумите од претходните денови.

„Луѓето веруваат многу лесно во тоа што ќе го прочитаат или слушнат во медиумите. Така доаѓа до заблуда. Тоа се само медиумски приказни“, вели Пике.