Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Србија вечерва ќе се соочи против Норвешка во важен меч за промоција во најелитната дивизија во Лигата на нации, а селекторот Драган Стојковиќ – Пикси се надева на триумф против Ерлинг Халанд и другарите.
Пикси доби прашање на прес-конференцијата дали може да го пронајде рецептот за Халанд, по што даде интересен одговор.
„Јас не сум готвач за да барам рецепт за Халанд. Тој е фантастичен фудбалер, кој игра во еден од најдобрите тимови во светот. Но, мечот кој Норвешка го загуби во Словенија покажува дека има решение за Халанд“, вели Пикси.
Србија и Норвешка имаат ист број на бодови, но репрезентацијата на Халанд е во подобра позиција поради триумфот во Осло, па затоа нашиот северен сосед мора да победи.