Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вниманието на кошаркарската јавност во последните два месеци беше насочена кон документарецот „Последниот танц“, кој се занимаваше со последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго булс, па поради тоа беше почната дискусија дали тој навистина бил најдобар во историјата.
Многумина се јавија да го коментираат тоа и очекувано доминираат мислењата дека Џордан е над сите, додека постои и по некој глас за Леброн Џејмс.
Сепак, дали од дебатата непотребно е „исфрлен“ Коби Брајант?
„Коби беше интелигентен човек и веруваше дека може да биде најдобар. Навистина го мразам тоа што не кажавме колку беше одличен. Се обидуваше и трудеше да биде како Џордан. Кога ќе се сетам и ќе погледнам снимки, тој беше подобар и од него. Толку вредно работеше, уште од средно училиште…“, вели Скоти Пипен.